Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2012

Замбија нов африкански првак

Замбија по прв пат го освои Купот на африканските нации откако по драма во пенал-серијата ја победи репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со 8-7.

Во регуларниот тек и по продолженијата во финалето во Либревил немаше голови, па пенал-рулетот одлучуваше дали Брегот на Слоновата Коска во своето трето финале ќе дојде до вториот трофеј по 1992 година, или Замбија, која, исто така, досега има три настапи во финалето, ќе ја освои својата прва титула континентален првак.
Пеналите беа кулминација на драмата во финалето. Првите 14 удари, по седум на двете страни, беа прецизни, а по нив следуваа три нереализирани пенали по ред. За „слоновите“ неуспешни беа Коло Туре и Жервињо, а решавачкиот пенал го постигна Сунзу за големо славење на аутсајдерот во финалето.
Брегот на Слоновата Коска беше најголем фаворит на турнирот и во досегашните пет натпревари не прими ниту еден гол, не сметајќи ги пеналите во финалниот дуел, но сепак не успеа да стигне до трофејот. Трагичар е капитенот Дрогба кој во 70-тата минута не реализираше удар од 11 метри по прекршокот над Жервињо, но тој се поправи и беше прецизен во пенал-серијата.
Во малото финале Мали со головите на Дијабате ја победи Гана со 2-0 и стигна до бронзениот медал.

Најнови вести