Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2015

Дрогба ќе игра против Арсенал

Дидие Дрогба, напаѓачот на Челзи, го повредил глуждот, но ќе биде подготвен за градското дерби со Арсенал претстојниот викенд.

Ветеранот од Брегот на Слоновата Коска го пропушти хуманитарниот натпревар „Натпревар против сиромаштијата“, каде што требаше со Зинедин Зидан и Роналдо да собира средства за борба против еболата.
„Разочаран сум поради тоа што нема да играм на хуманитарниот натпревар МАП2015 поради повредата на глуждот, но и понатаму ја поддржувам борбата против еболата“, изјави Дрогба на „Твитер“.
Жозе Мурињо го користеше Дрогба како стартер во претходните два натпревари, бидејќи Диего Коста има проблеми со тетивата, а Лоик Реми со мускулот на ногата.
Дрогба оваа сезона во Премиер лигата постигна шест голови на 27 натпревари. Челзи на шест натпревари пред крајот има десет бодови повеќе од Арсенал, кај кого гостува во недела од 17 часот.

Најнови вести