Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2014

Проблеми во Гана: Мунтари и Боатенг изфрлени од тимот

Квеси Апија, селекторот на фудбалската репрезентација на Гана, на Светското првенство во Бразил ги исфрли од екипата Сули Мунтари и Кевин-Принс Боатенг поради недисциплина, пренесоа медиумите во Гана.

Апија тоа го направи и покрај тоа што Гана денес игра одлучувачки натпревар на Мундијалот. Селекцијата на Гана од 18 часот против Португалците го игра последниот натпревар од третото коло на групата Г и потребна ѝ е победа за да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето.
Весникот „Дејли експрес“, пренесе дека Мунтари удрил еден функционер на Фудбалскиот сојуз на Гана, а Боатенг се судрил со селекторот.
Пред последниот натпревар Гана и Португалија имаат по еден бод, а САД и Германија, кои играат во вториот натпревар од групата, освоија по четири бодови.
Светските медиуми вчера пренесоа дека репрезентативците на Гана се заканиле со штрајк и дека нема да тренираат ако не ги добијат парите од премијата, поради што Владата со авион испрати во Бразил три милиони долари.


Најнови вести