03.8.2016 Кевин-Принс Боатенг во Лас Палмас
Шпанскиот прволигаш Лас Палмас соопшти дека Кевин-Принс Боатенг следната сезона ќе го носи неговиот дрес.
„Боатенг е без сомнение најважниот странец кој клубот го довел во последните децении“, се вели во соопштението на Лас Палмас.
Боатенг во досегашната кариера играше за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Милан и Шалке.
Лас Палмас минатата сезона ја заврши на 11-то место на табелата на шпанската Примера.