11.5.2015 Шалке ги раскина договорите со Боатенг и Сам
Германскиот бундеслигаш Шалке ги раскина договорите со првотимците Кевин-Принс Боатенг и Сидни Сам.
Нема наведено официјално образложение, а одлуката е моментна. По поразот од Келн со 2-0, трет последователен, Шалке, кој до неодамна беше во игра за пласман во Лигата на шампионите, сега се плаши и за излез на европската сцена.
Боатенг, репрезентативецот на Гана, во Шалке стигна од Милан, додека Сам, повремениот германски репрезентативец, како големо засилување беше доведен од Леверкузен.
Исто така, суспендиран е и Марко Хегер, но како што се наведува на интернет-страницата на клубот, тој на тренинзите ќе се врати на 16-ти мај.