19.6.2014 Мунтари во Милан до 2016 година
Сули Мунтари, фудбалскиот репрезентативец на Гана, го продолжи договорот со Милан до јуни 2016 година, соопшти италијанскиот клуб.
Дваесет и деветгодишниот фудбалер од средината на теренот во Милан дојде во 2012 година како играч на заем од градскиот ривал Интер, а претходно играше за Удинезе и Портсмут.
Оваа сезона одигра 34 натпревари и постигна шест голови за „росонерите“.
Мунтари моментно се наоѓа на Светското првенство во Бразил, каде што репрезентацијата на Гана се натпреварува во групата Г заедно со Германија, Португалија и селекцијата на САД.
За националниот тим на Гана одигра 82 натпревари и постигна 19 голови.