24.12.2013 Мунтари ќе пропушти три натпревари
Сули Мунтари, играчот на Милан, ќе ги пропушти наредните три натпревари во Серија А поради црвениот картон во неделното градско дерби со Интер.
Мунтари во поразот на својот тим од Интер (1-0) доби црвен картон во последната минута од средбата, кога го турна српскиот играч од Интер Здравко Кузмановиќ.
Репрезентативецот од Гана ќе ги пропушти натпреварите со Аталанта и Верона на „Џузепе Меаца“, како и средбата со Сасуоло во гости.
Мунтари е некогашен играч на Интер, а играше и за Удинезе, Портсмут и Сандерленд.