14.1.2015 Бони во нападот на Манчестер сити
Вилфрид Бони, досегашниот фудбалер на Свонси, потпиша договор со Манчестер сити, соопшти Фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата Коска.
Бони моментно е со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нациите, а како што пренесе Би-би-си, Сити навел дека останале да се изработат административните формалности, па трансферот на 26-годишниот напаѓач да биде завршен.
„Бони на 14-ти јануари потпиша договор со Манчестер сити“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата Коска.
Британските медиуми соопштија дека трансферот е вреден 28 милиони фунти.
Бони во Свонси дојде во 2013 година од холандскиот Витесе, а минатата година постигна 25 голови.
Во досегашниот дел на сезоната, Бони за Свонси одигра 22 натпревари и постигна девет голови.