Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Рапид Виена го смени тренерот Шетел

По испаѓањето во четврт-финалето на Австрискиот фудбалски куп против Пашинг (0-1), управата на Рапид од Виена го смени тренерот Петер Шетел.

Клупата на најпопуларниот и најтрофејниот австриски клуб ја презеде Зоран Барисиц, а помошник ќе му биде некогашниот напаѓач на Баерн Минхен, Карстен Јанкер. Должината на договорот на Барисиц засега не е позната.
Во австриското првенство Рапид по 29 кола се наоѓа на третото место со 20 бодови заостанување зад водечкиот градски ривал Австрија Виена.
Низ историјата Рапид има освоено 32 шампионски титули на Австрија, повеќе од кој било тамошен клуб.