Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2013

Отказ по трет пат: Јурчиќ веќе не е тренер на Динамо Загреб

Поразот од Австрија беше премногу за Здравко Мамиќ, кој по натпреварот по трет пат му даде отказ на Круно Јурчиќ! Екипата ќе ја преземат Зоран Мамиќ и Дамир Крзнар.

Круно Јурчиќ доби отказ на клупата на Динамо Загреб. За извршниот претседател Здравко Мамиќ поразот од Австрија Виена на „Максимир“ од 0-2 беше капката која му ја прели чашата и по трет пат ја раскина соработката со Јурчиќ.
Мамиќ по натпреварот експресно најави вонредна прес-конференција што значеше дека Јурчиќ ќе добие отказ, што и се случи. Екипата привремено ќе ја преземат Дамир Крзнар и Зоран Мамиќ.

Најнови вести