Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2011

Ивица Вастиќ нов тренер на Австрија од Виена

Австриецот Карл Даксбахер е отпуштен како тренер на фудбалската екипа на Австрија Виена по серијата лоши резултати и дури четвртата позиција во домашното првенство.

Австрија во последните девет натпревари запиша само една победа, и тоа е главната причина за отпуштање на Даксбахер. Виенската екипа по испаѓањето од натпреварувањата во Лигата на Европа, минатиот викенд беше тешко поразена на гостувањето кај Ред Бул Салцбург со 3-0.
Тоа беше капката што ја прели чашата кај управата на клубот, која одлучи да го смени Даксбахер и за тренер да го постави 42-годишниот поранешен австриски репрезентативец Ивица Вастиќ.
Даксбахер ја водеше Австрија од 2008 година, а неговиот наследник досега беше тренер само на австрискиот нисколигаш Вајдхофен и вториот тим на виенскиот клуб.