Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2012

Австрија Виена му даде отказ на Вастиќ

По пропуштената шанса за пласман во Лигата на Европа, челниците на Австрија Виена го отпуштија досегашниот тренер, 42-годишниот Ивица Вастиќ.

Поранешниот австриски репрезентативец роден во Сплит на клупата на виенскиот клуб дојде во декември минатата година. Во последното коло на Бундеслигата неговата екипа изгуби од Штурм, со што падна на четвртото место и остана без континенталното натпреварување.
Поради тоа, челниците на клубот вчера потврдија дека на Вастиќ нема да му биде продолжен договорот и дека се во потрага за нов тренер. Главен кандидат е некогашниот тренер на Штурм, Франко Фода.
Вастиќ во досегашната тренерска кариера работеше во нисколигашот Вајдхофен, како и во втората екипа на Австрија Виена.