Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2011

Марсел Колер нов селектор на Австрија

Швајцарецот Марсел Колер е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Австрија, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Педесетгодишниот Колер досега во својата кариера ги водеше швајцарските екипи на Вил, на Сент Гален, на Грасхоперс, како и на германските бундеслигаши Келн и Бохум.
„Одлуката за новиот тренер Марсел Колер е донесена од страна на Австрискиот фудбалски сојуз“, стои во соопштението на Сојузот за јавноста.
Новиот тренер беше претставен вчера точно на пладне. Австријците претходно преговараа со неколку кандидати, меѓу кои беа: Франко Фода, Андреас Херцог, Кристоф Даум, Ларс Лагербек и Паул Глудовац.
Своето деби новиот селектор ќе го има во петок против Азербејџан во Баку. Австријците одамна ги загубија шансите за пласман на Евро 2012, а во групата А покрај нив се Германија, Турција, Белгија, Азербејџан и Казахстан.

Најнови вести