19.8.2018 Чурлинов го уништи Оберхаузен
На првиот настап сезонава за јуниорскиот тим на Келн, Македонецот даде три гола
Дарко Чурлинов постигна три гола на денешниот натпревар помеѓу Келн и Оберхаузен, во Бундеслигата-запад за фудбалери до 19 години. Осумнаесетгодишниот Чурлинов кој беше најмладиот играч што облекол дрес на македонската сениорска репрезентација, се наметна како лидер на својот тим, и во мотивирано издание се прикажа против Оберхаузен, па уште во 16. минута за првпат ја затресе противничката мрежа. Во 37.минута, Дарко зголеми на 2-0, а во 56. минута зголеми на 3-0.
До крајот, Келн даде уште еден гол, оправдувајќи ја фаворитската улога. Ова им е прва победа сезонава без примен гол.
Келн е во серија од 14 меча без пораз, а сезонава е еден од трите меча кои по три кола, имаат максимални 9 бода, заедно со Борусија Дортмунд и Бохум. Во следното коло, Келн гостува кај Падерборн, а на 15 септември во дербито го пречекува Бохум.