Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2016

Откритието на сезоната доаѓа од Келн

Францускиот напаѓач Антони Модесте е најголемото откритие на тековниот дел на сезоната во лигите на „петорката“.

Модесте во првите девет кола на Бундеслигата веќе постигна 11 голови за „јарците“.
Тој во неделата буквално сам го растури Хамбургер остварувајќи хет-трик.
Освен што е прв стрелец на германската лига, Модесте е најефикасен фудбалер во петте најквалитетни европски шампионати.
Модесте не е анонимус, пред Келн играше за Ница, Бордо, Блекбурн и Хофенхајм, за кого постигна 23 гола во текот на две сезони.
Тој и минатата сезона блескаше во дресот на Келн со 18 погодоци, но во првите два и пол месеци на тековната веќе постигна 13.
Во просек гол постигнува на 70 минути во Бундеслигата, со што го засени веќе со години најдобриот голгетер на лигата, Роберт Левандовски, кој постигна четири помалку.
Нема сомнение дека Модесте следната сезона, но можеби и од јануари, ќе игра во многу поголем клуб од Келн.

Најнови вести