Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2012

Вороњин во Фортуна Диселдорф

Динамо од Москва на својата официјална интернет-страница потврди дека неговиот напаѓач Андриј Вороњин следната сезона ќе ја помине на заем во повратникот во Бундеслигата, Фортуна Диселдорф.

„Напаѓачот на Динамо, Украинецот Андриј Вороњин, кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата, каде што следната сезона ќе ја мине на заем во Фортуна Диселдоф“, стои во краткото соопштение на официјалната страница на Динамо Москва.
Вороњин, кој има големо искуство во Бундеслигата, каде што веќе има настапувано за Менхенгладбах, Мајнц, Келн, Баер Леверкузен и Херта, ќе биде големо засилување за Фортуна во обидот да избори останок во Бундеслигата и по следната сезона.

Најнови вести