07.12.2017 Келн именуваше нов генерален менаџер
Фудбалскиот клуб Келн го именуваше Армин Фе за нов генерален менаџер. Келн наведе дека Фе ќе го преземе тимот во понеделник, на 11-ти декември и дека ќе потпише договор до 30-ти јуни 2020 година.
Келн претходно оваа седмица го смени тренерот Петер Штегер, а на денешниот натпревар против Црвена ѕвезда во Белград клубот ќе го предводи Штефан Рутенбек , до неодамна тренер на младите категории.
Армин Фе има богато искуство во Бундеслигата. Тој како тренер на повеќе од 600 натпревари ги водеше, меѓу останатите, Ајнтрахт, Хамбургер и Штутгарт, со кого беше шампион на Германија во 2007 година.
Келн е последен на табелата на Бундеслигата само со три освоени бода од 14 натпревари.
Во Лигата на Европа има шест бодови, колку што има и Црвена ѕвезда, па тие два клуба денес, од 21.05 часот ќе се борат за пласман во шеснаесетфиналето.