26.10.2017 Баерн славеше по пенали, Келн конечно победи
Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во осминафиналето на Купот на Германија откако по подоброто изведување на пеналите го совладаа Лајпциг – 1-1 (5-4).
Лајпциг поведе во 68-мата минута со голот од пенал на Фосберг, но „баварците“ изедначија пет минути подоцна со погодокот на Алкантара.
До крајот на регуларниот дел на натпреварот немаше промена на резултатот, а прашањето кој е победник беше решено од белата точка.
И едните и другите беа сигурни во изведувањето на пеналите сè до петтата серија, кога Вернер не го погоди пеналот, па клубот од Минхен славеше со 5-4.
Келн ја прекина серијата лоши резултати откако ја совлада Херта со 3-1 и ја запиша првата победа во сезоната, по онаа на стартот на сезоната, кога забележа победа во Купот против петтолигашот Лехер (5-0).
„Јарците“ поведоа во 35-тата минута со голот на Цолер, а осум минути по натпреварот ја удвоија предноста.
По одлично изведениот корнер на Милош Јојиќ, Марош беше најсилен за водство од 2-0.
Во продолжението на натпреварот, победникот беше одлучен во 65-тата минута, кога Клеменс по одбиената топка, ја затресе мрежата на противникот.
Единствениот гол за Херта го постигна Штарк во 69-тата минута по корнерот.
Во останатите натпревари, Волсбург го совлада Хановер со 2-0, Штутгарт славеше со 3-1 против Кајзерслаутерн, а осминафинале изборија уште Нинберг, Фрајбург и Вердер.