Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2017

Милан продолжува со засилувања, дојде Чалханоглу

Турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу прејде во Милан од Баер Леверкузен во трансфер вреден 24 милиони евра.

По успешно минатите лекарски прегледи Турчинот потпиша четиригодишен договор.
Фудбалерот од средината на теренот е шесто засилување за „росонерите“ во летниот преоден рок кој почна пред два дена, по Матео Мусаки, Франк Кеси, Андреа Силва, Рикардо Родригес и Фабио Борини, а наскоро се очекува и доаѓање на десниот бек на Аталанта Андреа Конти.
Чалханоглу, кој е роден во Германија, минатите три сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Баер, а играл и за Хамбургер и за Карлсруе.
За репрезентацијата на Турција има 26 настапи на кои постигнал осум голови.

Најнови вести