Корисничко име Лозинка Пријави се
29.2.2012

Подолски се согласи да замине во Арсенал?

Лукаш Подолски, репрезентативецот на Германија, се согласил налето од Келн да премине во редовите на Арсенал, пренесуваат германските медиуми.

Договорот на Подолски со германскиот клуб му истекува во 2013 година, а со оглед на проблемите со коишто се соочува Келн, реално е да се очекува тој да се обиде да заработи нешто на сметка на неговата прва ѕвезда.
Арсен Венгер и порано покажуваше симпатии кон германскиот напаѓач, а бидејќи во тимот му фали еден таков играч од тој калибар, овој трансфер изгледа многу реално.
Французинот лани на двапати се обиде да го ангажира Подолски, но Келн на двапати ја одби понудата.
Оваа сезона Германецот постигна петнаесет погодоци во деветнаесет настапи, а освен „топчиите“, за овој фудбалер заинтересиран е и Шалке.

Најнови вести