Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2015

Бундеслигата остро го казни Келн

Фудбалскиот клуб Келн е казнет со 200.000 евра поради нередите на неговите навивачи во два одделни инциденти, и тоа не е единствената мерка која Биндеслигата ја презеде против „јарците“.

Покрај тоа, Келн во наредните три натпревари ќе игра без поддршка на навивачите од јужната трибина, која во тој период ќе биде затворена – против Хофенхајм, Баерн Минхен и Шалке.
Исто така, Германската фудбалска асоцијација му наложила на Келн во иднина да продава билети само со лична карта и да не дели влезници на своите навивачи за гостинските натпревари.
Сите овие мерки Германската фудбалска федерација ги изрекла поради двата инциденти што се случиле во режија на хулиганите на Келн, коишто неодамна упаднаа на теренот во текот на натпреварот со Менхенгладбах, а пред тоа правеа инциденти и во средбата против Дуизбург од Купот на Германија. 

Најнови вести