04.5.2012 Предл останува во Вердер уште три години
Себастијан Предл, репрезентативецот на Австрија, го продолжи договорот со Вердер Бремен до 2015 година.
Претходниот договор истекуваше на крајот на оваа сезона, а сега дефанзивниот играч за врска се одлучи да стави потпис на нова тригодишна верност кон клубот.
„Воодушевени сме што Себастијан одлучи да го прифати новиот договор и да остане со нас. Тој е многу важен фудбалер за нашиот тим и со својот потенцијал би можело да стане столб на нашата игра“, изјави Клаус Алофс, спортскиот директор на Вердер.
За дваесет и четиригодишниот фудбалер Вердер е втор клуб во неговата кариера, по Штурм, од каде што во 2008 година замина за Германија. Во дресот на австриската репрезентација досега собра триесет и два настапи и притоа постигна три голови.