Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Чудесен пресврт на Јотовски, Свен беше лесен плен

Најдоброрангираниот македонски тенисер ја забележа и втората победа на турнирот во Керн, Австрија, што се игра за награден фонд од 15 илјади долари

Томислав Јотовски ќе игра за пласман во полуфиналето на турнирот од фјучрс серијата во Керн, откако со 7:5,6:2 денеска го победи Словенецот Свен Лах.
Интересно е што мечот на земјена подлога, на отворено, бил прекинат поради дожд при водство на Словенецот од 4:1 во првиот сет, а во продолжението, во сала, Македонецот направил комплетен пресврт и од негатива од 1:5 направил чудесен пресврт и го добил првиот сет со 7:5.
Утре, Јотовски ќе игра против домашниот тенисер Јонас Тринкер, кој денеска успеа да го изненади третиот носител на турнирот Нерман Фатиќ. Со победа нашиот тенисер ќе обебзеди настап во полуфиналето  на турнирот, што е добра можност за нови поени и напредок на АТП листата.

 

 

Најнови вести