Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Драмата во Керн за Тринкер, Јотовски утна две меч топки

Томислав Јотовски загуби во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Керн, Австрија, а нашиот тенисер повторно одигра драматичен меч, во кој немаше ниту грам среќа и е елиминиран

И повторно на најдоброрангираниот македонски тенисер му се случи мечот да биде прекинат, па од теренот со земјена подлога на отворено мораше да се сели во сала. Во драматичниот последен сет Јотовски во тај-брејк пропушти две меч топки и загуби со 8:10 на поени, со што со пораз од 6:3, 2:6, 6:7 (8) се прости од настапот на турнирот вреден 15 илјади долари.
Вчера против Словенецот Свен Лах, Јотовски играше идентично на два различни терени, а тогаш промената од отворено во сала му одеше во прилог, бидејќи успеа да направи чудесен пресврт и од 1:5 во првиот сет стаса до 7:5. Потоа го доб и и вториот сет со 6:2 за победа. Денеска против Тринкер не успеа да го повтори подвигот и ги зав рши настапите на турнирот во поединечна конкуренција.

 

Најнови вести