Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Успешен старт на Јотовски во Нови Сад

Томислав Јотовски имаше успешен старт на турнирот во Нови Сад, од фјучрс серијата, а почетокот е со победа 6:4, 6:4 против Душан Рајиќ.

Нашиот најдоброрангиран тенисер е четврти носител на турнирот, а во првото коло двапати идентично со по 6:4 го елиминира Рајиќ. И во следното коло не би требало да има големи проблеми за Јотовски, бидејќи и двајцата можни ривали се послаборангирани од него. Прв носител на турнирот во Нови Сад е српскиот претставник Миљан Зекиќ.

 

Најнови вести