Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2012

Шилденфелд во Динамо од Москва

Хрватскиот репрезентативец Гордон Шилденфелд е нов член на Динамо од Москва.

Со руската екипа потпиша тригодишен договор, а оштетата на неговиот сега веќе поранешен клуб Ајнтрахт изнесува 2,5 милиони евра.
Шилденфелд има 27 години и е роден во Шибеник, каде што ја почна кариерата, а од 2006 до 2008 беше член на Динамо од Загреб. Потоа хрватскиот одбранбен играч го носеше дресот на Бешикташ, Штурм, Дуизбург и минатата сезона на Ајнтрахт, со кого се избори за пласман во Бундеслигата.
За репрезентацијата на Хрватска одигра 14 натпревари, вклучувајќи ги и трите на Европското првенство 2012. Пред Шилденфелд, Динамо го ангажира и Отман Бакал од Феенорд.

Најнови вести