Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2012

Фода нов тренер на Кајзерслаутерн

Франко Фода е нов тренер на новиот германски второлигаш Кајзерслаутерн.

Четириесет и шестгодишниот Фода на таа позиција ќе го наследи неодамна отпуштениот Красимир Балаков, кој на клупата на овој тим се задржа сè на сè педесет и седум дена.
Балаков беше донесен во клубот со цел да го спаси Кајзерслаутерн од испаѓање од елитата, но во таа мисија потполно потфрли и на осум бундеслигашки средби запиша само една победа и дури седум порази.
Фода е поранешен фудбалер кој во два наврата во својата играчка кариера настапуваше за Кајзерслаутерн и тоа во период од 1983 до 1984 година и од 1987 до 1990 година. Како тренер досега најмногу работеше во австрискиот фудбалски шампионат, односно аматерскиот тим на Штурм, а во 2003 година накратко беше и главен тренер на Грац, но само како привремено решение.
„Среќни сме што успеавме да го ангажираме овој искусен стратег“, рече спортскиот директор Штефан Кунц.

Најнови вести