Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2012

По седум години Висе го напушта Вердер

Од 2005 година, па сè до денес триесетгодишниот голман Тим Висе стои меѓу стативите на Вердер Бремен. Пред тоа во кариерата играше за Фортуна и за Кајзерслаутерн, а од идната сезона ќе облече дрес на четврт клуб во својата кариера.

Портпаролот на Вердер изјави дека Висе го известил тренерот Томас Шаф, како и генералниот менаџер Клаус Алофс, дека сака да ја промени средината.
По сè изгледа дека клубот нема да му прави никакви проблеми околу оваа одлука на голманот кој за Вердер бранел на 187 настапи во Бундеслигата, а шест пати ги бранел боите и на репрезентацијата на Германија.
Сè уште не е објавено со кој клуб ја договорил соработката.

Најнови вести