Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2012

Балаков е нов тренер на Кајзерслаутерн

Германската државна информативна агенција објави дека Красимир Балаков од денес ќе стане нов тренер на фудбалскиот бундеслигаш Кајзерслаутерн.

Веста порано, уште во вторникот, ја открија други германски медиуми, како и најчитаниот европски дневник „Билд“. Од клубот одбија да ја коментираат информацијата.
„Ниту би потврдувале ниту би демантирале некои имиња“, рече портпаролот на последнопласираниот бундеслигашки клуб Кајзерслаутерн.
Во вторникот клубот го отпушти досегашниот тренер Марк Курц по првенствената низа од 16 натпревари без победа.
Бугарскиот тренер сезонава го предводеше сплитски Хајдук со кој во моментов е на второто место во хрватското првенство. Неговото место на клупата на сплитскиот клуб ќе го преземе Мишо Крстичевиќ, кој е тренер во младинскиот тим на Хајдук.

Најнови вести