Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2011

Баслер се враќа на фудбалските терени

Изгубениот облог по партија голф, четириесет и двегодишниот Марио Баслер, некогашниот најдобар фудбалер во германскиот фудбал, ќе го чини повторно враќање на терените.

Во наредната сезона, моментно невработениот тренер ќе го носи дресот на регионалниот лигаш БЦА Оберхаузен, кој се натпреварува во лига осма по ранг во Германија.

„Кога ќе има време, Марио ќе игра за нас. Договорот важи најмалку до зимската пауза“, изјави за германските медиуми претседателот на клубот Дејвид Винтерштејн.

Токму поразот во голф од Винтерштејн го натера Баслер повторно да ги облече копачките и да тргне во уште едно официјално натпреварување. Голф-натпреварот го одиграле на теренот во Меринг, каде што и официјално беше потпишан договорот.

За време на кариерата Баслер ги бранеше боите на Кајзерслаутерн, Вердер Бремен и Баерн Минхен, со кого во 1999 година играше во финалето на Лигата на шампионите. За германската репрезентација овој некогашен играч за врска настапи триесет пати.

Најнови вести