28.5.2011 Динамо Загреб и Хајдук со нови тренери
Крунислав Јурчиќ е новиот тренер на Динамо Загреб по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ. Поранешниот хрватски репрезентативец пред две години го водеше шампионот на Хрватска, а сезонава беше тренер на Локомотива. Потпиша тригодишен договор, а веќе беше и официјално претставен пред новинарите.
Во сезоната 2008/09 Јурчиќ со Динамо Загреб ја
освои двојната круна, а во 2009/10 шампионската титула по што неочекувано доби
отказ од газдата Мамиќ.
Поранешниот бугарски репрезентативец, Красимир
Балаков е новиот тренер на Хајдук од Сплит, јавија локалните медиуми. Балаков
доаѓа на местото на Анто Михе, кој го презема тимот пред крајот на првенството
од Горан Вучевиќ.
Како фудбалер, Балаков најдобриот дел од
кариерата го мина во Штутгарт, а ѕвездените моменти со репрезентацијата ги
доживеа на Мундијалот во САД 1994 година кога Бугарите го освоија четвртото
место. Досега бил тренер во Черноморец и во Грасхоперс, но без позначајни
успеси.