Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Сплитска „Торцида“ крадеше алкохол на бензинска во Србија

Во Софија, полицијата е на „штрек“ и стравува од можни индиценти помеѓу навивачките групи на Хајдук и Левски

Навивачите на сплитски Хајдук, популарната „Торцида“, направиле хаос на една бензинска пумпа во српското место Врчин. Хулиганите упаднале на бензинската и во таа прилика украле големи количини на алкохолни пијалоци. 
Неколку стотини хрватски фанови минуваа низ Србија, а нивна крајна дестинација беше Софија, каде што Хајдук вечерва игра со бугарскиот тим Славија во рамките на реванш мечот од 2. коло од квалификациите за Лига Европа. Првиот меч во Сплит заврши со победа на Хајдук од 1:0. 
Од полицијата излегоа со соопштение дека немало никакво демолирање на бензинската пумпа, но пријавено било дека навивачи со клупски обележја на Хајдук, влегле, земале поголема количина на пијалоци, и не платиле, туку излегле надвор и се вратиле во автобусите со кои што патувале кон Бугарија. И низ нашиот источен сосед може да има инциденти, особено ако навивачите на Левски бараат одмазда за запалениот автомобил лани во Задар.