Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Хајдук загуби, „Торцида“ најави ќотек за играчите

По четири меча, тимот од Сплит уште нема нити една победа

Хајдук беше апсолутен фаворит на свој терен во дуелот против Горица, но на теренот на стадионот „Пољуд“, ситуацијата беше сосема поинаква. Тимот од Сплит беше инфериорен, а гостите тоа го искористија. Уште во првото полувреме играчите на Горица дадоа два гола и стигнаа до предност која ја сочуваа до крајот. 
За Горица ова беше прва победа, додека Хајдук и по четири одиграни меча се нема израдувано на триумф. Со само два бода, Хајдук е на осмото место на табелата. 
Најверните навивачи на Хајдук, популарните „Торцида“ беа револтирани од играта на своите миленици, па се заканија дека ќе применат драстични мерки, доколку ситуацијата не се промени. „Ќе добиете ќотек“ беше едно од неколкуте скандирања од трибините наменети за играчите на Хајдук, во чии редови во првите 45 минути играше напаѓачот Мирко Ивановски. На почетокот на вториот дел Ивановски беше заменет, но ситуацијата на теренот не се смени.