21.4.2011 Реја останува во Лацио
Едоардо Реја, тренерот на Лацио, ќе го предводи овој клуб и во наредната сезона.
„Реја ќе остане во клубот и следната година. Веќе постигнавме договор со
него во врска со продолжување на постојниот, а деталите ќе бидат објавени за
брзо време“, рече спортскиот директор на римјаните, Игли Таре.
Реја на клупата на Лацио пристигна во февруари минатата година од
сплитскиот Хајдук, а актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната.
„Клубот работи напорно за да се замеша во борбата за титулата, во блиска иднина.
Сакаме да се бориме за Скудетото секоја година“, додаде Таре.