Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Деби гол на Ивановски за Хајдук, гигантот од Сплит не знае како да победи

Мирко Ивановски со гол од пенал го спаси Хајдук од пораз на гостувањето кај Интер Запрешиќ. За поранешниот македонски репрезентативец ова е прв гол во дресот на хрватскиот гигант

Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски го постигна дебитантскиот гол за Хајдук, последен на мечот со Интер Запрешиќ, во ремито 2:2. Ивановски летово од Славен Белупо пристигна во редовите на Хајдук, а вечерва беше прецизен од белата точка во 76. минута. Хајдук на двапати имаше негатива против Интер, на крајот успеа да освои еден бод, но и петти пат сезонава во ХНЛ не успеа да победи.
Еден од најголемите балкански клубови има три бода по пет кола и еден од најлошите стартови на сезона во долгата, над стогодишна фудбалска традиција.
Патем, „сплитските били“ испаднаа и во квалификациите за настап во Европа Лигата, по несреќниот пораз во Букурешт од ФЦСБ, поранешна Стеауа со 1:2, со гол примен во последните секунди од реванш мечот.