Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2011

Минимална победа над Андора

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари втората победа на осмиот натпревар во квалификациите за Евро 2012 над аматерската репрезентација на Андора со 1-0.

Нашите репрезентативци офанзивно го почнаа мечот и направија неколку шанси за гол, но расположениот голман на гостите, Гомеш, не допушти неговата мрежа да биде затресена во првите 45 минути.
Отпорот на Андора траеше до 59 минута кога по еден корнер Мирко Ивановски од пет метри го погоди голот на гостите.
До крајот на натпреварот избраниците на Џон Тошак ја имаа иницијативата и направија уште неколку можности за гол, но неефикасноста и натаму останува голем проблем за оваа селекција.
Со оваа победа Македонија стигна до седум бода во овој квалификациски циклус кој ќе остане запаметен како еден од најслабите во нашата фудбалска историја.

Најнови вести