01.12.2012 Вуцов нов тренер на Славија Софија
Велислав Вуцов повторно седна на клупата на седумкратниот бугарски фудбалски шампион Славија од Софија.
Клубот од Софија го именуваше четириесет и петгодишниот Вуцов за наследник на претходно сменетиот Мартин Кушев.
Вуцов потпиша две и полгодишен договор, а ова му е втор пат да биде тренер на клубот по ангажманот во 2009 и 2010 година.
„Многу сум среќен што повторно ќе работам во Славија. Тука се чувствувам како дома“, изјави Вуцов кој клубот го презема во тешка ситуација и пласман на деветтото место во првенството по 14 кола и заостанување од дури 19 бодови зад водечкиот Лудогорец.