Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2012

Пизаро почна со тренинзи

Клаудио Пизаро, перуанскиот репрезентативец и член на Вердер Бремен, се врати на тренинзите со екипата по повредата на мускулот на ногата.

Ова се случува во вистински момент за моментално петтопласираниот тим во лигата, непосредно пред почетокот на продолжението на шампионатот.

Освен Пизаро, на тренингот се вратија и Клеменс Фриц и Филип Баргфреде, што за тренерот Томас Шаф се многу убави вести.

„Добро е што повеќето повредени фудбалери се вратија на тренинзите. Се надевам дека ќе останат здрави и ќе бидат во можност уште од викендов да му помогнат на својот тим“, рече Шаф.

Првиот натпревар од продолжението на сезоната Вердер ќе го игра во сабота, кога гостува кај Кајзерслаутерн.

Пизаро е четврти стрелец во лигата со постигнати дванаесет погодоци.

Најнови вести