05.11.2014 Баерн неколку седмици без Пизаро
Клаудио Пизаро, искусниот напаѓач на Баерн Минхен, ќе паузира неколку седмици поради повреда на бутниот мускул, соопшти клубот од Минхен.
Најефикасниот странец во историјата на Бундеслигата, кому ова му е втор мандат во редовите на „баварците“, се повреди на тренинг во понеделникот.
Тој оваа сезона одигра девет натпревари и постигна еден гол за тимот на Пеп Гвардиола.
За репрезентацијата на Перу одигра 71 натпревар и постигна 19 голови.