Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2013

Принудна пауза за Пизаро

Повредата на бутниот мускул на десната нога на тренинг ќе го оддалечи Клаудио Пизаро, перуанскиот напаѓач на Баерн Минхен, од фудбалскиот терен до шест седмици.

Искусниот 35-годишен играч се приклучи на списокот со повредени во клубот, Џердан Шаќири и Холгер Бадштубер, и го остави Баерн само со еден здрав класичен напаѓач, Марио Манџукиќ.
Пеп Гвардиола, тренерот на Баерн Минхен, на позицијата напаѓач понекогаш знае да го користи и Томас Милер, иако тоа не е негова класична позиција, но сега ќе има малку можности за ротација.
Оваа сезона досега Пизаро настапи во седум натпревари и постигна два гола.
Добра вест за Гвардиола е враќањето на Тијаго Алкантара на тренинзите по закрепнувањето од повредата на глуждот.

Најнови вести