Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2014

Пизаро останува во Баерн уште една сезона

Перуанскиот напаѓач Клаудио Пизаро го продолжи договорот со Баерн од Минхен на една година.

Триесет и петгодишниот напаѓач, кому актуелниот договор со Баерн му истекуваше на 30-ти јуни оваа година, оваа сезона за баварскиот клуб одигра 24 натпревари и постигна 11 голови.
Пизаро во Баерн е од 2012 година, што му е втор ангажман во клубот, а пред тоа за „баварците“ од 2001 до 2007 година играше на 174 натпревари и постигна 71 гол.
Перуанскиот напаѓач во кариерата ги бранеше боите на Челзи и Вердер Бремен. Пизаро за Перу играше од 1999 година на 71 натпревар.


Најнови вести