Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2013

Хофенхајм избори опстанок во Бундеслигата

Играчите на Хофенхајм изборија опстанок во германската Бундеслига откако во реванш-натпреварот на плејаутот, на гости ја совладаа екипата на Кајзерслаутерн со 2-1.

Хофенхајм потврди дека го заслужува местото во елитната конкуренција по победата и на првиот натпревар дома со резултат од 3-1.
Клубот сезоната ја заврши на 16-тото место на првенствената табела, додека Кајзерслаутерн беше третопласиран во Втората Бундеслига.
Стрелци на вчерашната средба беа: Баумјохан во 65-тата минута за Кајзерслаутерн, а Абрахам во 44-тата и Вестергард во 74-тата минута за Хофенхајм.
Од Бундеслигата испаднаа Фортуна Диселдорф и Гројтер Фирт, а директна промоција изборија најдобрите тимови од втората лига – Херта и Брауншвиг.

Најнови вести