Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2012

Оливер Кирх ново засилување на Борусија Дортмунд

Според пишувањата на германскиот дневник „Билд“, играчот за врска Оливер Кирх, кој, исто така, може да игра и на позицијата бек, е новото засилување на актуелниот германски шампион Борусија Дортмунд.

Се наведува дека Дортмунд за 29-годишниот Кирх платил 500.000 евра за откуп на неговиот едногодишен договор.
Кирх во Кајзерслаутерн стигна од Арминија Билефелд во 2010 година, а медиумите го поврзуваа со заминувањето откако клубот испадна во втората лига.
Досега тој е трето засилување на „жолто-црните“ за новата сезона, по Марко Ројс и Леонардо Битенкурт.

Најнови вести