Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2012

Менхенгладбах остана без Херман шест седмици

Менхенгладбах освои три големи бода на гостувањето кај Кајзерслаутерн (2-1), но тоа скапо го плати - остана на неколку седмици без Патрик Херман, кој ја скрши клучната коска.

„Тешко е повреден. Тоа е голема штета за нас, но и за него бидејќи имаше одлична сезона досега“, рече Луцијан Февр, тренерот на Менхенгладбах.
Несреќниот момент се случи во 38-та минута, кога во еден дуел германскиот играч за врска незгодно падна и ја скрши клучната коска.
Според првите прогнози, Херман ќе отсуствува од теренот околу шест седмици. Натпреварот во Кајзерслаутерн почна со неговиот гол во деветтата минута.

Најнови вести