Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2012

Кајзерслаутерн го отпушти Балаков

Она што германските медиуми веќе неколку дена го шпекулираа, доби официјална потврда - новиот второлигаш Кајзерслаутерн го отпушти досегашниот тренер Красимир Балаков.

„Клубот и четириесет и шестгодишниот Балаков се согласија да го раскинат договорот меѓу двете страни кој имаше важност до 2013 година“, стоеше на клупската интернет-страница.

„Интензивно ги анализиравме случувањата во последните седмици и дојдовме до заклучок дека во новата сезона ќе имаме потреба од нов почеток“, објасни спортскиот директор Штефан Кунц.

Балков откако седна на клупата во март, во осум одиграни кола оствари само една победа и седум порази, а од клубот сè уште нема најави кој би можел да биде негов наследник што ќе има задача експресно да го врати тимот во елитата.

Најнови вести