25.8.2011 Кајзерслаутерн остана уште без еден напаѓач
Кајзерслаутерн на својата интернет-страница соопшти дека камерунскиот напаѓач Дорж Куемах ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на препоните, со која се здоби на тренингот.
Германскиот бундеслигаш веќе е ослабен во нападот поради неиграњето на Словакот Адам Немец, кој во јуни падна од дрво и ја скрши клучната коска.
Кајзерслаутерн во првите три кола од германското првенство освои два бода, а во сабота го дочекува Баерн Минхен.