Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2012

Предл ги скрши носот и вилицата

Себастијан Предл, дефанзивниот играч за врска на Вердер Бремен, ноќта ја мина во болница, откако во саботниот натпревар од осумнаесеттото коло од Бундеслигата, Дорж Куемах, играчот на Кајзерслаутерн, го удри со копачка во глава.

Сето тоа се случи во шеснаесетникот на Кајзерслаутерн, во дваесет и четвртата минута, а на Вердер не му беше досуден пенал. Дополнителните истражувања покажаа дека Предл освен скршените нос и вилица, претрпел и потрес на мозокот.
„Штета што не ни беше досуден пенал, но уште полошо е тоа што Себастијан се здоби со многу тешка повреда“, рече тренерот Томас Шаф.
Куемах го удри Предл со ногата по глава, со цел да ја исфрли топката со удар, попознат како „ножички“, а судијата тука не виде прекршок, иако на теренот имаше крв што го покажуваше спротивното.
По инцидентот Предл веднаш беше пренесен во болница.

Најнови вести