Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2012

Херта во борбата за опстанок без 15-мина играчи на првата екипа

Германскиот фудбалски бундеслигаш Херта има големи проблеми пред самиот крај на сезоната, во кој ѝ претстои борбата за опстанок.

Херта во 32-то првенствено коло (во сабота) ќе го нагости Кајзерслаутерн дури без петнаесетмина играчи од првата екипа. Клубот вчера го објави списокот на повредени играчи на коишто не може да смета, а тој, благо речено, е многу долг.
Кристијан Лел, Пјер-Мишел Ласога, Феликс Бастијанс (мускулни повреди), Анис Бен-Хатира (повреда на препоните), Рафаел (потрес на мозокот), Андреас Отл (повреда на петицата) и Алфредо Моралес (повреда на листот) се имињата на новоповредените играчи коишто им се приклучија на веќе претходно отпишаните Мајк Франц, Фабијан Лустенбергер, Марко Џуричин, Кристоф Јанкер, Мајкел Артс, Роман Хубник и капитенот Андре Мијатовиќ.
 Херта моментно, на три кола пред крајот на првенството, е претпоследна на бундеслигашката табела, со пет бодови помалку од првото место кое не води во понизок ранг на натпреварување.

Најнови вести