Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2012

Шмелцер не игра против Кајзерслаутерн

Марсел Шмелцер, левиот одбранбен играч на Борусија Дортмунд, би можело да го пропушти гостувањето кај Кајзерслаутерн во сабота, во склоп на претпоследното, 33 коло на Бундеслигата.

Германскиот репрезентативец си го повреди мускулот на листот во победата против Менхенгладбах (2-0), со која Дортмунд си ја обезбеди втората по ред бундеслигашка титула. Не тренираше денес, сигурно нема ни утре, а во зависност од квалитетот на закрепнувањето, лекарите ќе одлучат дали во сабота ќе може да им помогне на соиграчите во борбата на 27-от последователен натпревар без пораз.
Проблеми со инфекција на респираторниот систем има Јакуб Блашчиковски, но капитенот на полската фудбалска селекција ќе биде спремен за Кајзерслаутерн.

Најнови вести