Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2012

Балак заминува за Америка

Михаел Балак, поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија, кому на крајот од оваа сезона му истекува договорот со Баер Леверкузен, кариерата ќе ја продолжи во американската лига, пренесуваат германските медиуми.

„Сè уште имам желба да се натпреварувам. Барам и сакам нов предизвик. Имам неколку понуди и наскоро ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“, изјави Балак.
Најголем интерес за неговите услуги покажа Њујорк, од каде што, како што наведуваат медиумите, лично го повикал Тиери Анри.
Балак во септември ќе наполни триесет и шест години, а во својата богата кариера играше и за Кеминцер, Кајзерлсаутерн, Баерн Минхен и Челзи. Дресот на репрезентацијата го облече 98 пати и постигна четириесет и два голови.

Најнови вести